Today: 29.Jun.2017
Волонтирање во странство
23.Nov.2012
Rate this item
(0 votes)

Државјаните на Република Македонија можат да волонтираат и во други држави, согласно со прописите на државата во која се волонтира.

Една од можностите за организирано волонтирање е Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во рамките на новата програма Erasmus+. Клучната акција 1: учење преку индивидуални мобилности, меѓу другото овозможува волонтерски престој во друга земја во период  од 2 недели до 12 месеци. Возрасната граница за учество во програмата е од 17- 30 години.

Повеќе информации на веб страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  - www.na.org.mk

или на веб страната на програмата на Европската Комисија Erasmus+ - http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/index_en.htm

Read 22354 times Last modified on Monday, 08 August 2016 13:53