Today: 18.Aug.2017
ДОДЕЛЕНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ВОЛОНТЕРСКИ НАГРАДИ 2014
29.Nov.2014
Rate this item
(0 votes)

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. Добитници на наградите за 2014 година се:

Златен волонтерски сертификат за 2014 година добија:

– жителите на с. Калишта за реновирање на основното училиште „Браќа Миладиновци“ 

Жителите на Калишта бараа само матерјал, а тие со свои раце  да го направат училиштето безбедно за своите деца. После многу ветувања, жителите на Калишта презедоа акција и сами, волонтерски го обновија училиштето.

Луѓето од дијаспората кои живеат во Австрија, Германија и Швајцарија, а кои се по потекло од Калишта се мобилизирале и за само два дена собрале 30.000 евра. Комплетно се промени дограмата, кровната конструкција и подот. Нов лик добија и училниците каде е поставено парно греење, со нови клупи и столови. Луѓе од овој крај кои имаат градежни фирми волонтерски работеа на објектот. Сите жители волонтерски учествуваа во оваа акција, секој придонесуваше на свој начин.

- Волонтерите од Автономен културно-социјален центар од Скопје

АКСЦ или Автономен културно-социјален центар беше оформен во Скопје пред точно една година од луѓе кои чувствуваа потреба за културно-социјален центар кој ќе функционира на поинаков начин, простор слободен за размислување, креирање и критика, ослободен од мејнстрим влијанија, финансиски и бирократски ограничувања, простор кој ќе функционира со сопствени сили и идеи на заедницата, т.е. волонтерски, независно и автономно.

АКСЦ изминатава година беше дом на широк спектар на настани (преку 159): филмски проекции и дискусии, поетски читања, промоции на книги, јавни дебати, изложби, уметнички перформанси, работилници за деца, групи за готвење, поправки на велосипеди, размена на литература и предмети, коооператива за храна, креативни работилници, јазични курсеви, како и состаноци на активистички групи и отворена библиотека.

– Волонтерите во Зоолошката градина во Битола

Зоо Волонтерите покрај општите работи и работни задачи се специјализирани за работа во еден од секторите: зоо едукација, зоонегуватели, комуникација со јавноста и медиумите, воспоставување на партнерства и соработка,  промоција преку социјалните мрежи и интернет, организирање на специјални настани и заштита на биолошката разновидност преку научно истражувачка работа преку што значително ја подобрија работата на Зоолошката градина Битола.

Благодарение на ентуизијазмот на волонтерите се зголеми поддршката на граѓаните кон работењето на зоолошката градина и желбата да се достигнат европските стандарди на фунукционирање и дејствување.

Read 874 times Last modified on Tuesday, 09 December 2014 14:38