Today: 18.Aug.2017
100 НОВИ ВОЛОНТЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС
30.Nov.2014
Rate this item
(0 votes)

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Струмица, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.

Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 100 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во над 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

За 50 волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.300 денари месечно од донаторски средства. За дополнителните 50 волонтери очекуваме волонтерските трошоци да бидат покриени од средства кои ќе бидат обезбедени од локални извори на финансирање, од самите локални самоуправи. Во овој циклус вкупно ќе бидат сместени 100 волонтери на тримесечно волонтирање во општините.

Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2015 година.

Побарајте пријава за волонтери на следните е-маил адреси (или превземете ја тука)

За Битола и околните општини – Младински културен центар – Битола: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Скопје и околните општини - Младински образовен форум: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Прилеп и околните општини – АГТИС: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Тетово и околните општини – Институт за развој на заедницата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Струмица и околните општини – Младински совет Струмица This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Кавадарци и околните општини – СППМД: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За Свети Николе и околните општини – Организација на жени: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Рокот за пријавување е до 20 декември 2014 година. 

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Младински културен центар - Битола

Read 2389 times Last modified on Monday, 01 December 2014 14:47