Today: 23.Oct.2017
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРСКИ НАГРАДИ 2014
31.Oct.2014
Rate this item
(0 votes)

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. Го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми за:

 

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2014 ГОДИНА

Предложените волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

-Иницијативите / програмите да се реализирани во Р Македонија

-Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија

-Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2014 година

 

Ве молиме за предложените волонтери / иницијативи / програми да испратите образложение, не подолго од една страна А4, зошто сметате дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман / програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива / организација).

 

Краен рок за доставување на предлозите е петок 28 ноември 2014 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: Златен сертификат 2014.

 

Наградените ќе бидат известени до среда 3 декември 2014, а јавно ќе бидат објавени во петок на 5 декември 2014 година.

 

Read 1838 times Last modified on Monday, 01 December 2014 14:47