Today: 18.Aug.2017
За нас
30.May.2014
Rate this item
(0 votes)

За Младински културен центар – Битола

Младински културен центар - Битола (МКЦ - Битола) е младинска, непрофитна, граѓанска организација основана во 1999 година. Мисијата на МКЦ-Битола е обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот активизам.

Цели

•Одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија; 

•Подобрување  и јакнење на вештините кај младите;  

•Поддршка и потикнување на граѓански иницијативи и кампањи;  

•Поддршка и афирмација на урбаната култура.

 

МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, културата и граѓанските иницијативи. 

 

Како национален Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ),  МКЦ - Битола е основач и координатор на  неформалната мрежа со 6 партнерски граѓански организации кои функционираат како волонтерски информативни точки (ВИТ) во Тетово, Кавадарци, Прилеп, Свети Николе, Скопје и Охрид. МКЦ – Битола ја координира  размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и меѓународни организации кои промовираат слични вредности. 

 

МКЦ - Битола е член на Младинската мрежа на југоисточна Европа (South East European Youth Network SEEYN) од 2002 година како и партнерска организација на двете најголеми светски мрежи на волонтерски организации The Alliance и Service Civil International - SCI.

Read 1068 times
More in this category: Контакт »