Today: 29.Jun.2017
Волонтерски кампови
Волонтерски кампови (3)

30.May.2014 Written by

МКЦ-Битола повеќе од 10 години организира меѓународни волонтерски работни кампови. Досега учествувале над 200 волонтери од преку 40 земји од светот.

 

За сезоната 2014 ќе организираме 2 волонтерски кампови кои се отворени за учество на волонтери од странство.

 

„Битола отворен град 2014“ кој ќе се реализира од 22 јуни до 01 јули 2014 година во Битола.

Повеќе информации на следниот линк: 

http://workcamps.info/icamps/MK-CID/en/camp-details/camp-7686.html

 

„Слепче 2014“ кој ќе се реализира од 20 до 29 јуни 2014 година во с. Слепче општина Демир Хисар. 

Повеќе информации на следниот линк: 

http://workcamps.info/icamps/MK-CID/en/camp-details/camp-7687.html

30.May.2014 Written by

Понудата за волонтерски работни кампови за сезоната 2014 можете да ја пребарувате на веб страната на Service Civil International на следниот линк: http://workcamps.info/icamps/

 

Младинскиот културен центар - Битола како Волонтерски центар на Македонија е овластена организација за администрирање на младинските краткорочни волонтерски размени од Македонија.

 

Одберете еден од камповите низ целиот свет, побарајте пријава и поминете едно незаборавно лето.

 

Повеќе информации на : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

30.May.2014 Written by

Волонтерските работни кампови се единствен облик на волонтерска работа која нуди позитивни и практични начини на собирање млади луѓе од различни земји и различни култури, при што заедно би работеле и живееле на некои проекти кои придонесуваат за развој на локалните заедници каде се одржуваат камповите. 

 

Видовите на кампови се многу, но најчесто се следниве : Festival FEST (волонтерите работат на организација на фестивал), Agricultural AGRI (работа на некоја фарма или земјоделско стопанство), KIDS (работа со деца), ART (на пример ликовна колонија, уметничка фотографија), language LANG (учење на јазик, најчесто англиски), constructing CONS (работата вклучува градење), renovation RENO (работата вклучува реновирање на некој објект), disabled DISA (работа со деца или возрасни со ментални или физички попречености), educational EDU (камп за едукација во разни области : човекови права, социјални вештини), environmental ENVI (најчест вид на камп, работа во природа, чистење, садење), elderly people ELDE (работа со пензионери или лица сместени во старски дом).   

 

Да волонтира може секој со добра волја и желба. Најчест услов за учество на камп е  волонтерот да биде постар од 18  години, но постојат кампови и за тинејџери. Сместувањето и исхраната е обезбедена од страна на организаторот на кампот, додека волонтерот ги покрива само патните трошоци до местото на одржување на кампот. Процесот за пријавување е многу едноставен и лесен.

 

Младинскиот културен центар - Битола како Волонтерски центар на Македонија е овластена организација за администрирање на младинските краткорочни волонтерски размени од Македонија.

 

Одберете еден од камповите низ целиот свет, побарајте пријава и поминете едно незаборавно лето.

 

Повеќе информации на : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.